Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Стил Мода и Убавина Трикови за цврсти и убави гради

Трикови за цврсти и убави гради

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Годините го направиле своето и вашите гради не се цврсти како порано, но со неколку вистински совети повторно ќе мамите воздишки.

Изометриски вежби

Градите немаат мускули, туку лигаменти кои се истегнуваат. Поради тоа, доколку ги затегнете мускулите кои ги држат градите, ќе добиете цврсто и подигнато деколте за само шест до осум недели.
Еве како: Подигнете ги рацете во висина на рамениците, а потоа свиткајте ги лактите и спојте ги рацете. Останете во таа положба една минута, а потоа повторете.
На почеток, правете само 10 серии, а потоа постепено зголемувајте.

Нега на кожата

Многу жени се грижат добро за нивното лице, но забораваат на градите. Започнете да ги негувате градите со истата крема против стареење што ја користите за вашето лице.

Откажете се од пушењето

Истражувањето објавено во весникот за „Естетска хирургија" докажува дека пушењето заедно со стареењето се главни фактори за меки гради. Не можете да го вратите времето назад, но можете да ги оставите цигарите!

Внимавајте на Јо-Jo ефектите

Ако често губите и добивате на тежината, кожата на градите ќе се опушти. Сега имате уште една причина за одржување на здрава тежина. Суетата нека ве мотивира!

Добар градник

Кога вежбате, носете спортски градник, а ако имате големи гради без цврст и удобен градник не одете дури и на спиење.

Мал трик

Кога користите корсет, со кој се нагласуваат градите, користете мал трик што го користат моделите и спојте ги градите со леплива лента. Ќе изгледаат побујни и цврсти.


Hits: 1152
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...