Секогаш не мора да нанесуваме купени маски за лице, некои можеме и сами да ги подготвиме.
Пилинг маската, можете да ја направите на следниот начин:
- 2 лажици пченкарно брашно се мати со една белка.Се нанесува на лицето и се остава 15 минути. Се отстранува најпрвин со топла вода со лесни кружни движења а потоа се мие лицето со ладна вода.
- 1 лажица мед се меша со две лажици ситно мелени бадеми и пола лажица сок од лимон. Со смесата се чисти лицето, се трие полека нежно а потоа се мие лицето со топла вода.
Против брчки
Две лажици мед и една белка се мешаат во каша. Нека одстои на лицето од 20 до 30 минути. Се мие лицето со топла а потоа со ладна вода.
Маска за освежување на кожата
Еден свеж компир се гмечи, се меша со малку свежо млеко и една жолчка. Се нанесува на кожата, а потоа се мие првин со топла па со ладна вода.
Маска за нечиста кожа
Се меша квасец со малку млеко. Се нанесува на лицето и се остава да се исуши. Се мие со топла а потоа со ладна вода.
Против гнојни мозолчиња
1/4 домати се меша со 1 мало лажиче јогурт,1 лажиче гел алое вера и 4 капки етерично масло од мента. Се прави смеса и се нанесува на лицето. Се остава да делува околу 10 минути а потоа се отстранува со топла вода.

Маска за чувствителна кожа
Две лажици младо сирење се меша со една лажица мед додека не стани смесата како крем. Се нанесува обилно на кожата околу очите и устата. Нека остане на лицето 20 минути. Најдобро оваа маска да се отстранува со вата натопена во топло млеко.
Маска за сите видови кожа
Една банана се гмечи и се нанесува на лицето. Се остава да делува од 20 до 30 минути. Најдобро е да се отстрани со чај од камилица.
Оваа маска може да се нанесува еднаш до два пати во текот на неделата.


















