
Ситуацијата сепак може да се задржи под контрола!
Некои жени имаат поголема веројатност дека тие ќе бидат соочени со проблемот на појава на акни во текот на различни циклуси на животот, на пример, хормоналната нерамнотежа лесно може да предизвика појава на акни за време на менструација и бременост. За жал, не постои лек за акни, но постојат некои природни начини кои помагаат да се задржи целата ситуација под контрола.
За оние кои немаат многу среќа, кои се борат со хронична појава на акни на кожата, целата ситуација на крајот може да прерасне во добивање на лузни и последиците можат да бидат многу сериозни. Не само што ќе влијаат на изгледот, но значително ќе се намали и вашата самодоверба и друштвениот живот. Сепак, нема место за паника, ви донесуваме добро решение.
Седум природни начини со кои може да се решат лузните од акни
Сок од лимон
И помага на кожата да остане хидрирана, еластична и мека.
Мед
Мед помешан со обична хидрантна крема или мешавина од овес и мед
Ги чисти порите и кожата станува мазна.
Јаболков оцет
Ја намалува иритацијата на кожата, ги смирува инфекциите предизвикани од акни и ја прави кожата мека. Тој се смета за најдобро решение за лечење осип и мозолчиња.
Сок од краставица
Го намалува воспалението и ја подобрува еластичноста на кожата.
Масло од чајно дрво
Успешно ги отстранува бактериите.
Маслиново масло и сол
Го тстранува вишокот на масти на кожата, го намалува воспалението и го лекува ткивото на кожата.
Домат
Ја зголемува еластичноста на кожата и го намалува нивото на бактерии во акните.
Со примена на горенаведените природни супстанции на отворени порите и на лузните предизвикани од акни, ќе се намали видливоста на лузните. Прво, треба да се измиете со топла вода за да се отворат порите, а потоа на акните или на лузните од акни, се применуваат погоре споменатите состојки. Се остава лицето со состојката дваесетина минути и потоа се плакне.
Јаболковиот оцет можеби нема да биде добро решение за лицата со чувствителна кожа, па можете да се потприте на природните состојки како што се домат, мед, краставица, масло од чајно дрво и маслиново масло, што без било каков ризик, може да бидат директно нанесени на кожата.


















