Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Стил Мода и Убавина Вратете му го сјајот на накитот

Вратете му го сјајот на накитот

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

НакитСе сеќавате на прекрасниот сјај на вашиот накит кога прв пат го ставивте на себе? Повторно тој изглед на накитот ќе го вратите со малку внимание следејќи ги нашите совети.

Сребро
За чистење на среброто користете посебни средства, но постојат и некои средства кои дома ги имате и можат да ви помогнат.

Потемнетиот сребрен накит исчистете го со лимон или ставете го во вода во која сте ставиле сода бикарбона. Истријте го секој дел од накитот и потоа исушете го со мека крпа или со парче вата.

Филигранскиот сребрен накит исчистете го со мешавина на алкохол и пудра. Со четкичка истријте го накитот и сите длабнатини. Потоа исчеткајте го и светнете го со чиста крпа.

Ако сребрениот накит има камења, тогаш одлично ќе ви послужи за чистење пепелта од согорените дрва. Посипете го накитот со пепел а потоа истријте го со крпа.Црни бисери

Среброто во допир со кожата може да оксидира и да остави темни траги. За ова да го избегнете, накитот измијте го со вода во која сте додале амонијак. Кога накитот ќе се исуши, оној дел кој доаѓа во допир со кожата, премачкајте го со проѕирен лак.

Злато
Ако златниот накит кој ретко го носите го изгубил сјајот, измите го со вода и неутрален сапун. Исчеткајте го, а потоа избришете го со мека крпа. Златните прстени можете убаво да ги исчистите ако ги ставите во алкохол и полека ги исчеткате.

Бисери
Пожолтените бисери ставете ги на две минути во топол вински оцет. По ова ставете ги во млака чиста вода и оставете ги да се исушат на чиста крпа.

Бакар

Бакарниот накит со времето го губи сјајот и затоа пробајте да го исчистите со средство за миење садови. Ако на накитот приметите дамки, прво тргнете ги со вата натопена во мешавина на оцет и сол. За накитот да добие уште подобар сјај исчистете го со кора од лимон.Накит со камен од жад

Жад и килибар
Се чистат со бензин и алкохол. По чистењето добро е да се премачкаат со маслиново масло и да се истријат со крпа од еленска кожа.

Накит од неплеменит материјал

Може да се исчисти со четкичка натопена во алкохол или сода бикарбона. По ова исушете го накитот на мека крпа.

 

Hits: 1024
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...