Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Стил Љубов Шест клучни прашања за вас и вашето момче

Шест клучни прашања за вас и вашето момче

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Без разлика дали планирате заеднички живот или се „загревате„ за сериозна врска, овие прашања ќе ви помогнат да сфатите каде сето тоа оди ...



Дали имате слични вредности?

„Кога ќе сте посветени еден на друг, сето тоа се сведува  на почитување на вредностите на вашиот партнер. Згора на тоа, тој е тука да ве почитува вас и вашите вредности, не е важно дали станува збор за религијата, духовност, здравје или нешто друго„. вели Џон Ајкен експерт за врски и психолог. „Размислете за вашите приоритети и приоритетите на партнерот. Ако ви е слична листата на приоритети, тогаш сте на вистинскиот пат".

Дали вашето семејство го прифаќа?


Иако не секогаш можеби нема да се согласувате токму со неговото семејство, почитувајте ги нивните односи. Прифатете ја неговата поврзаност со нив. Некои луѓе се врзани за семејството, некои не. Ваша работа е да одите со тој однос, а не против него. А ако тој не е воодушевен со вашите родители и ве принуди да изберете помеѓу него и нив, тогаш напуштете го, не е тој за вас.

Каков е сексот?


Можеби не е првото нешто што ви доаѓа на ум кога зборуваме за посветеноста, но секако е клучно. Сексот е важен дел од животот. Ако во креветот не се согласувате и се чувствувате непријатно, тогаш треба да се разгледа дали навистина сакате да биде со таа личност. "Сексот и вниманието се важни", вели Ајкен. "Како двојка ќе се соочите со неколку предизвици, деца, кариера, пари проблеми. Интимата помага лесно да ги истуркате ваквите проблеми. Внимавајте на тоа да сте физички компатибилни. Прашајте се себеси дали сексуално ќе ве привлекува оваа личност следните пет години?

Што мислите за деца?


Ајкен вели дека ова прашање е причина за многу разделби. "Морате да знаете што вашиот партнер размислува за тоа, за да не пропуштите она што вам ви е важно.  Еден добронамерен совет: „ Ако тој не сака деца не се обидувајте да го промените неговото мислење".

Дали се вклопува во вашата иднина?

Ова е веројатно најголемиот тест за долга врска. Прво, запрашајте се каде ќе бидете за 10, 20 или дури 50 години. Дали се гледате себеси со сегашниот партнер? Во разговор со него дознајте - Дали сте на иста страница за тоа како сакате да ви изгледа иднината? Разговарајте за сите ваши идни цели: пари, кариера, патување...

Дали сте еднакви?

Вие можеби сте неговата поубава половина, но еднаквоста во врската е многу важна. "Ви треба некој кој со вас искрено ќе комуницира кој ќе ја слуша и ќе ја дели моќта на еднаквоста", изјави Ајкен. Иако звучи едноставно, многу жени многу често го немаат ова на ум.

Hits: 1020
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...