
Семејниот и брачен советник Шарон Ривкин вели дека некои неверни луѓе може да се променат, додека други не можат.
"Оние кои не можат да се променат се заљубени во себе, немаат грижа на совест и не можат да го контролираат нагонот. Прељубниците кои можат да се променат имаат растројство на личноста или зависност. Тие изневеруваат, бидејќи не се задоволни во нивната врска", вели Ривкин, и додава дека прељубата се јавува како екстремен симптом кога врската е во криза долго време. Таа вели дека, всушност прељубата ќе ја разјасни врската, или ќе ја уништи или ќе ја однесе на следното ниво.
Знаци дека нема да се промени:
1. Нема каење.
2. Изневерувал и во претходните врски.
3. Таен е кога телефонира, кога испраќа текстуални пораки.
4. Исто така присутни се знаци на растројство на личноста, односно нарцисоидност или зависност од секс.
5. Не може да признае дека тоа што го прави не е во ред.
Според Ривкин, постојат моменти кога е јасно дека треба да се откажете од врската.
„Ако тој продолжи со прељуба, иако ветил дека веќе нема тоа да го направи. Ако лицето продолжува да изневерува, не постои надеж дека ќе се промени", вели таа и истакнува дека секој треба да ги испита околностите на нивната врска. „Ако чувствувате дека веќе немате доверба во партнерот, и покрај фактот што ја покажува намерата дека сака да се промени, најдобро е да тргнете по својот пат„.


















