Дали ви се допаѓаат подебели мажи или само слаби? Дали сте подготвени да се вљубите во дебел маж, без да се причина парите? Некои луѓе едноставно имаат силна привлечност кон подебели партнери, велејќи за нив дека се исклучително добродушни и мили.

Често се разговара дали се важни годините во една врска, а сега го подкреваме прашањето дали килограмите се од значење кога станува збор за љубов. И поточно дали е проблем, кога мажот е драстично подебел од жената (или обратно).
Кога ќе сретнете подебел пар, сигурно ќе си кажете "Слатка се!" или "Си одговараат!". Но двојките каде што двајцата партнери имаат драстична разлика во килограмите, предизвикуваат очигледно недоумица кај повеќето луѓе. Зошто тоа се случува? Толку ли е чудно слаба жена да се вљуби во дебел маж или слаб маж да се вљуби во дебела жена, без да станува збор за остварување на нечии интереси, луксуз, пари или секс и сето ова да стои во основата на врската?
И уште нешто, комбинацијата дебел или слаб - има ли значење, ако сте вљубени? Дебел маж и слаба жена се смета сепак прифатливо од општеството, но кога човек ќе се соочи со дебела лејди и слаб маж, кој безуспешно се обидува да ја прегрне, коментарите и смеењето зад грбот на парот се загарантирани. Од психолошка гледна точка тоа е затоа што е општо прифатливо дека мажот е главата на семејството, тој е силниот пол, тој е оној кој командува. Но целата оваа мажественост исчезнува во моментот кога мажот треба да е спореден со драстично дебела жена.
Но, кој рекол дека сите треба да сакаат слаби? Тоа е наметнато особено од медиумите мислења од - списанијата, реклами, телевизија, а интернетот е полн претежно со слаби манекенки. А се чини дека тоа не е секогаш идеалот кој го бараат мажите. Многу претставници на машкиот пол бараат подебелка половина, бидејќи во нив наоѓаат страстни дами кои се сензуални и женствени.
А зошто пак жените паѓаат на дебели мажи? Некои претставнички на понежниот пол велат дека сакаат подебели мажи со „пивско„ стомаче, бидејќи имаат чувство на комфорт и безбедност покрај нив, а исто така и поради тоа што подебелите луѓе го носат епитетот на добри, смирени, внимателни, мили и среќни. Постојат голем број истражувања на оваа тема дека среќата води до дебелеење.
Па, дами, сакате слаб или дебел избраник во животот, кој е шармантен и со кој сексот е прекрасен и со кој сте поради љубовта, а не поради материјалните работи?


















