Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Стил Љубов Како да знаете дали е женкар

Како да знаете дали е женкар

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Оние мажи на кои основната цел им е што повеќе жени да го посетат нивното легло се познати под прекарот Казанова или Донжуан. Позади себе оставаат скршени срца, а „жртвите“ ги освојуваат со манипулација и лажна слаткоречивост. Сепак, постојат неколку знакови според кои жените можат да ги препознаат.



Сите ја чуле приканата за легендарниот Казанова, најпознатиот љубовник во светот кој имал стотици авантури „за една ноќ“. По заведувањето во кое Казанова на жената и овозможувал да се чувствува како најубавата во светот, ја водел во кревет, а со првите сончеви зраци исчезнувал од нејзиниот живот без трага. Дали е херој или анти-херој, пресудете сами.

Станува збор за тип на мажи кои имаат посебно развиено „сетило“ за жени и кои прават детална стратегија за „лов“. Основната карактеристика им е манипулативната способност и однесувањето кое на прв поглед може да изгледа невино и симпатично, но кое конечно би можело на жената да и предизвика емоционални тегоби.

Само една цел – секс

Тие се многу шармантни, внимателни, заинтересирани, љубопитни и многу добро знаат како на „целта“ да и направат да се чувстввуа посебно. Зависници се од моќта која ја чувствуваат додека ја ловат жената која во тој момент за нив претставува предизвик.

Многу добро ја познаваат женската психа и совршено добро ја користат во своја цел. Таквиот маж ќе покаже особено интересирање за приватните или работните проблеми на дамата и ќе ја наведе да му се отвори и да му ги покаже нејзините најскриени емоции. Кога таа ќе започне да се чувствува пријатно и сигурно во неговото друштво, донжуанот тргнува во напад.

Женкарошите имаат ниско самопочитување

Повеќе психолози сметаат дека овие момци имаат ниско ниво на самопочитување, а сексуалните освојувања им служат за да се чувствуваат подобро во сопствената кожа. Меѓутоа, тоа чувство ги држи многу кратко време и токму затоа настојуваат да спијат со што повеќе жени, за што подолго да го задржат доброто чувство.

„Одредени делови од личноста на женкарошите може да се поврзат со психопатијата. Значи зборуваме за пореметување на личноста која има проблеми во социјалните односи и прилагодувањето“, појаснува Роберт Харе, автор на книгата „Без совест“, кој додава: „Дури и ако некогаш почувствуваат грижа на совест за тоа што го прават, заводниците умета одлично да ја игнорираат. Но најчесто, ја немаат“.

Како да им се одолее?
Овој дел од текстот обично го пишуваат огорчени жени кои не знаат да се забавуваат, па бидејќи во редакцијата такви немаме, ќе ви посакаме среќа доколку целта ви е да го одбегнете овој тип на мажи, бидејќи глупаво е да ве советуваме да „не ги слушате што зборуваат“ или „да ги игнорирате сите мажи за кои ќе се посомневате дека припаѓаат на овој род“.

Секој заслужува шанса, и маж и жена, па макар и на една ноќ. Ако сте фиксирани на идејата за долготрајна врска и барате токму таков партнер, едноставно не се „давајте“ на прва. Ако е спротивното, однесувајте се според годините и прифатете дел од одговорноста за своите постапки

Hits: 1192
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...