Знаеме дека за квалитетна врска треба многу напор. Дури и кога се е во ред со вас, секогаш ќе се најде некој кој ќе ги расипе плановите. Тоа некој може да биде друга жена.
Ако вашата врска е силна, никој не може да ја загрози. Меѓутоа, кога одредени типови на жени се во прашање секогаш мора да бидете будни. Додека вие уживате во плодовите на своите напори, сигурни сте во љубовта и лојалноста кон својот партнер, може да ве дочека студен туш
Жена која презема мажи
Овој тип на жена може да биде некоја што ја знаете или да е целосен странец, која сака зафатени мажи. Жените кои преземаат туѓи мажи, често се убеди дека вашиот брак не е добар, дека е брак во кој има монотонија и нејзе институцијата на бракот не ја интересира.
Госпоѓа совршена
Нејзиниот живот е без мана. Таа е сопруга полна со поддршка, посветена на децата, убаво изгледа и совршено готви - таа е сè што еден маж може да посака.
Таа навистина не сака да го украде вашиот сопруг, но ако со неа се споредувате постојано и ви се чини дека таа може да стори сè, а вие навистина не, врската ќе страда заради неизвесноста што ќе се почувствува. Уште полошо е ако оваа споредба ја прави вашиот сопруг.
Мајка на неговите деца
Мора да знаете дека секогаш ќе биде присутна во вашиот живот, но на ваше е да го избалансирате нејзиниот однос со нејзиниот поранешен сопруг, а ваш сегашен.
Негови пијателки
Ако имате врска со маж кој има многу пријателки, тоа може да биде проблем, ако се расфрла со паметни совети и со организирање на своето (а со тоа и вашето) време. Тука се јавува еден друг проблем. Ако вашиот маж се грижи за нивното мислење, мора да направите повеќе позитивно односно да им се допаднете, бидејќи нивните негативни коментари не одат во ваша полза.


















