Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Стил Љубов Што сакаат жените – дознајте ја вистината?!

Што сакаат жените – дознајте ја вистината?!

Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Без разлика на тоа колку припадничките на понежниот пол се еманципирани и еднакви со своите партнери, сепак постои еден мал  дел резервиран само за неа. Ако сте маж, и ако сакате вашата партнерка да остане со вас засекогаш, бидете паметен и грижете се за деталите кои живот ѝ значат.

Постојат безброј студии кои покажуваат различните потреби на понежниот пол, кога бракот или врската е во прашање, во зависност од начинот на живот на партнерката, карактерно и други работи. Некои на прво место ја ставаат материјалната сигурност, други љубовта, но како да се снајдете со сите овие информации?

Оставајќи ги настрана парите и другите материјални работи, покрај љубовта, на мажите им остануваат ситниците кои на жените живот им значат. За нив, потребно е само малку напор, нешто пари и многу љубов, но едно е сигурно - благодарение на тие ситници партнерката ќе ја разнежните, и во секое време ќе ѝ покажете на вистински начин дека ви е навистина важна!

Во продолжение ви донесуваме неколку мали нешта што можат да го променат вашиот љубовен живот, и конечно да сфатите што жените навистина сакаат од својот љубовен живот.

Те сакам

Кога жената е заљубена, во секој момент сака да биде свесна дека чувствата се заеднички. Затоа им е важно, нивниот партнер секојдневно да им го покаже и каже тоа. Изразот "Те сакам", е нешто што секоја жена сака да  го чуе барем еднаш дневно.

Важни датуми

Колку и на мажите да им се чини ова непотребно, на жените навистина им се битни овие работи. Датумот на вашата годишнина, нејзиниот роденден или вашиот прв бакнеж е нешто што навистина може да ги воодушеви. Оваа ставка во принцип е многу едноставна, важно е само да не заборавате!

Смеа

Мажот со добра смисла за хумор може да ја освои секоја жена. Кога вашата партнерка е нерасположена поради некој проблем, обидете се да измамите насмевка на нејзиното лице.

Масажа, прегратки, секс ...

Покрај добриот секс, жените имаат потреба и за некои поблаги начини на изразување на емоции, како што се гушкањето и бакнувањето, пред да одите на работа, релаксирачка масажа пред спиење, помош во кујната ... Ако го правите ова, бидете сигурни дека таа секогаш ќе биде ваша.

Hits: 1809
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...