
Сепак колку да се пишува и зборува за неверството, речиси е правило кое ги нагласува улогите на личностите кои го прават неверството и лицето кое е изневерено. Па знаеме дека мажите многу повеќе изневеруваат и дека жените се многу повеќе подготвени да простат неверство, кога ќе дознаат за него. Сепак, оваа монета има две страни. Слободните жени почесто од мажите влегуваат во врска со мажи кои се веќе во сериозна врска. Прашањето е дали тие навистина се свесни за фактот дека мажите ретко ја напуштаат жената со која се во врска или брак, па дури и тогаш кога таа ќе дознае за неверството?
Од претходното прашање извира и темелното прашање. Можеби сакаат некоја личност толку силно што тие се подготвени да ја споделат со другите? Го земаме најчестото сценариото во кое мажот е неверен со жена која е слободна. Прво, жената со кого има долга врска или брак не знае ништо и живее секојдневен живот. Што се однесува за неа, таа живее со човекот со кој е во брак и кого го сака, со кого е релативно долго време и развила длабок однос заснован на заемна доверба. Го има својот маж и колку што знае не го дели со ниедна друга. Се додека не дознае таа не страда.
Втората личност е мажот кој го прави неверството. На овој лик му е најдобро. Во домот не му цветаат ружи, но му цветаат во друга ливада. Кога во едниот кревет малку му е досадно, скока во другиот. Тој има најмногу контрола. Најчесто определува кога и каде. Меѓутоа, дали навистина му цветаат ружи? Тука се покренува прашањето, дали тоа лице може да сака истовремено две личности? Ако е така, тогаш неговиот живот не е лесен. Тој постојано е во јамка која се повторува. Не може да ја напушти жената кој тој навистина длабоко ја љуби, а не може ни да се откаже од слаткото овошје свежо за секс и од заљубеност.
Третата личност е слободна жена која влегува во однос знаејќи дека друго лице не е слободно. Не е важно што е формално врзан на пример е во брак, колку што е врзан емотивно. Значи, оваа жена се заљубила во маж и свесно го дели со друга жена. Најлошото е тоа што го дели временски нееднакво. Секогаш е во голем недостаток. Значи таа толку многу го сака што е свесна дека го дели со друга жена. Можеби се надева дека тој ќе ја напушти првата. Можеби тој остава таков впечаток. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека многу често тоа не е така, ниту еден маж не ја оставил својата партнерка за љубовницата.
Многу неблагодарен е љубовниот триаголник. И често се сретнуваме со него. Се разбира, улогите слободно се променуваат, но основната состојба на одредени делови останува иста.
Сериозно треба да се испитаат сите тие кои се во љубовен триаголник. Важно е да се обидат да се променат себе си и својот начин на живот и да одлучат дали токму таков партнер им е сродна душа или само се залажуваат. Без разлика дали ќе се откажат или ќе се борат за љубовта, важно е исходот да е конструктивен. Најлошото е да се продолжува со агонијата.


















