Врска со оженет маж е тема за која сè повеќе и повеќе се зборува. Не дозволувајте да ве измами и да му бидете само резервна играчка.

Прашањето е зошто некои жени преферираат мажи кои се во брак. Едноставно, тоа има врска со човечката природа, затоа што храната на другата маса секогаш изгледа подобро, а понекогаш е повкусна од онаа што е пред вас. Според статистичките податоци, неверството се јавуваат кога бракот е во криза, кога тој едноставно сака освежување во врската. Но, дали има маж кој ја напуштил својата жена за да биде со својата љубовница? Тоа се случува, но не така често.
Отворете ги очите
Се запознавте со љубовта на вашиот живот, но имате еден проблем, тој веќе има жена и деца. Еве неколку работи што треба да ги знаете доколку се впуштате во врска со оженет маж. Тој некој не е ваш, ниту ќе биде. Тој никогаш нема да ја признае врската со својата љубовница, бидејќи тогаш не би можел да биде пример за своите деца.

Подобри љубовници?
Факт е дека оженетите мажи се добри љубовници, затоа што тие имаат повеќе искуство, а со оглед дека водат љубов само со своите сопруги, подготвени се за авантура. Постојат жени кои сакаат да бидат со оженети мажи, бидејќи тие знаат како најдобро со жените, за разлика од неоженетите мажи, а тоа е сласта на забрането овошје. Меѓутоа, дали некогаш сте се запрашале каков човек е тој кој ја изневерува својата сопруга, законската негова жена и мајката на неговите деца? Ако неа може да ја изневерува зошто да не може и вас?
Не трошете време
Жените кои се впуштаат во врска со оженети мажи обично бараат само авантура. Само еден отсто ја оставиле својата жена за да бидат со својота љубовница, но повеќето од нив сакаат да седат на две столчиња и да живеат два света - уживаат во сигурноста која им ја обезбедува сопругата, но уживаат и во возбудувањата кои им ги дава љубовницата. Дали навистина сакате да бидете вечно втора?

Обрнете внимание на деталите
Ако се впуштите во врска, а се сомневате дека е женет и дека тоа го крие од вас, постојат некои знаци кои укажуваат на тоа дека можеби сте во право:
- Кога ви објаснува за своите постапки или обврски поради кои не се видел со вас, а истите се прилично нејасни
- Викендите и празниците често е зафатен;
- По неколку месеци забавување одбива да ви даде домашен телефонски број, тврдејќи дека и онака никогаш не е дома;
- На прстите има видливи траги од прстени, кои, се разбира, ги отстранува пред да се сретне со вас;
- Мобилниот телефон секогаш е исклучен кога сте заедно.
По сето ова, повторно запрашајте се : Дали да се биде со оженет или не? Во повеќето случаи добивате малку време, а губите многу. Многу е подобро да најдете некој кој нема да го делите.


















