Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Стил Љубов Што сакаат жените на своите 20, 30 и 40 години

Што сакаат жените на своите 20, 30 и 40 години

Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Убав, богат, успешен, познат,талентиран, интересен, мачо, маж кој знае да сака, татко на нејзините деца, пријател, секс машина... деталите многу се разликуваат, но поентата останува иста, девојката сака маж. Некои жени сакаат само пари, кариера и забава, додека некои не сакаат ниту да признаат дека им е потребен маж. Ставот, критериумот при бирање на вистинскиот маж, се менува во зависност од годините


Девојка од 20 години сака принц на бел коњ

Таа е уверена дека бајката може да биде реалност, светот го гледа низ розеви очила, но никогаш не признава дека го сонува идеалниот маж. Сака згодно и паметно момче, секогаш да биде широкограден кога е таа во прашање. Очекува да ја забавува со својата смисла за хумор, приказни и знаење. За да мажот биде атлетски граден, да биде елегантен и опуштен, во зависност од можноста, да е романтичен и добар слушател, да е интелигентен, интересен...списокот на неговите квалитети може да биде уште подолг и подолг. Девојката сака да има некој да ја слуша, да ја заштити и да биде божица во очите на мажот.



Девојка од 30 години сака добро момче

Жените во триесетите години имаат поголема потреба за љубов отколку што тоа било кога било потребно во тинејџерските, затоа што во тие години веќе има разлика помеѓу вистинската љубов и онаа која постоела во нејзината глава како плод на нејзините фантазии. Таа конечно ги има извадено оние розеви очила и се оттргнала од романтичните фантазии. Нејзиниот добар маж не мора да биде херој, но тој е згоден, има добри манири, добро платена работа, автомобил и доволен износ на пари за сигурен живот. Исто така, тој носи ќеси од супермаркет, го сака својот дом, се сеќава на најважните датуми и во можност е да изрази нежност еднаш неделно. Всушност жената во триесетите сака верност, да биде сакана во секој момент, удобен и сигурен живот и вистинска љубов, мажите кои ги читаат нивните мисли и знаат кога им е до секс.



Жена-девојка од 40 години сака само човек

По 40-та година жените сакаат да го вратат времето и да ја изберат онаа опција која порано не им се чинела доволно добра за нив. Во тие години таа веќе знае што пропуштила, што можела, а што уште може. Сфатила дека човекот не е филмска ѕвезда, дека потребна и е само насмевка, климање со главата кога ја слуша и да е тука кога ќе и биде потребен. Нејзиниот маж дури има стомак наместо мускули и добро испеглана кошула која покрива се, но е доволно атлетски граден за да заврши некои домашни работи.

Она што е заедничко за сите жени без оглед на годините e дека помалку сакаат промени од мажите, но исто така повеќе сакаат сами да бидат променети од страна на мажите, да ја направи среќна, богата и вреднувана. Жената сака некој да мисли на неа и некој што ќе ја направи да се чувствува посебна.

Hits: 1196
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...