Tие всушност често размислува за својата партнерка, врската и сексот. Сепак, мажите не зборуваат често за тоа, но ви пренесуваме 15 љубовни тајни што некои од нив ги откриеле.
Сакаат да се мазат
Нежноста се појавува согласно со амбиентот и моментот, но сите мажи сакаат мазење и нежност. Да се биде во прегратките на саканата личност со тивка музика, за посилната половина е повеќе од романтичен момент. Опцијата е гушкање во кревет.
Секогаш мислат дека се добри во кревет
Мажите се научени дека довербата и остриот настап решаваат сè во животот. Па дури и кога прават очигледна грешка се целосно уверени дека сè на крајот ќе биде во ред. Затоа што мнозинството смета дека тоа што го прават во кревет е совршено, иако често не зборуваат за тоа со партнерката.
Запознавањето е подобро без алкохол
Повеќето луѓе комплетно се менуваат под влијание на алкохол. Затоа на почетокот на врската најдобро е да се остане трезен, а може да се испијат чаши вино или некој котел.
Не им се допаѓа шминката
Жените кои прекумерно го истакнуваат секој дел од нивното лице, и кои користат силни бои никогаш не се на листата на посакувани жени. Природниот изглед е она што тие го ценат, а најлош кошмар на секој маж е наутро да се разбуди покрај девојка со размачкана пудра и маскара.

Чувствуваат страв од годините
На жените им отчукува "биолошки часовник" и затоа имаат обврска да во одредени години стапат во брак, но дури и мажите не се имуни на времето. Повеќето се плашат од годините, самотијата и се помалиот број на неоженети другари. Едно од прашањата со кои се соочуваат е "Што не е во ред со мене?"
Го сакаат сексот без обврска
По врска за една ноќ сакаат да се поздрават со партнерката без разменување на броеви од мобилните, и се обврзуваат дека ќе молчат за заедничката помината ноќ. Сакаат прегратка, бакнеж и убав спомен.
Опседнатоста со спортот е мистерија
Многу жени се заинтересирани за спортот, сакаат да гледаат натпревар, го бодрат својот тим, но мажите се навистина опседнати. Редовно ги читаат сите извештаи, ги следат резултатите, а за тоа не постои логично објаснување.
Старите рани најдобро ги лечат парите
По прекинот на врската, кога ќе сфатат колку пари потрошиле на поранешната девојка, момците сакаат да се опуштат малку и малку да вложат во себе. Најчесто одат сами во шопинг и главно одбираат џинс..
Сексот во бањата е преценет
Освен ако имаат навистина голема када или џакузи, сексот во бањата е многу непријатен, лизгав па дури и опасен затоа што може да се повредат на лизгавите плочки.

Велат дека жените се луди, само за нив да им е полесно
Мажите не мислам дека жените навистина клинички не се во ред, но тоа што тие го мислат и велат дека се по малку "луди" е за нив да им е полесно во живот. Немаат потреба да објаснуваат и размислуваат за некои работи, за кои зборува нивната сакана, но ја прифаќаат како неизбалансирана и го отстрануваат товарот од себе.
Валкани приказни - не благодарам!
Мажите често не се сигурни кога се во прашање "валканите приказни" во спалната соба. Повеќето би сакале да изговорат разни нуболози, но се воздржуваат да не предизвикаат незадоволство кај партнерката и со тоа да не го скратат уживањето.
Љубомората е одраз на несигурност
Ако тој смета дека неговата девојка или жена е подобра од него, многу лесно може да падне во стапица на љубомора и грижи дека ќе ја изгуби поради друг маж..
Жените кои очајно се обидуваат да бидам како мажи - лош избор
Тие имаат заеднички јазик со пријателите, користата разни фрази и некои гестови во комуницирањето. Однесувањето во никој случај не е наменето за нивната поубава половина и таков вид на девојка ги одбива.
Секогаш знаат што носите на себе
И покрај верувањата за спротивното, мажите секогаш знаат што имате на себе. Особено, ако имате подлабоко деколте, кратко здолниште или секси штикли.
Недопирлив став е само глума
Понекогаш мажите играат игри како "ти не ме интересираш", иако девојката им се допаѓа. Дури и отворено флертуваат со девојки со кои немаат намера да разменат телефонски броеви, чисто за да се покажат силно и непристапно. Кога ќе „паднат„ во мамката стануваат нежни и внимателни кон партнерката.


















