
Не му пречете додека работи
Повеќето жени можат истовремено да имаат телефонски повик, да готват и да мијат садови, додека мажите, што и научно е докажано, можат да се концентрираат само на една работа. Не го вознемирувајте додека ја завршува работа, затоа што само ќе стане вознемирен и може да биде груб. Сфатете дека тој додека не ја заврши работа, нема да биде подготвен да зборува за тоа каде можете да заминете за викенд или што ќе ѝ подарите на ќерката за роденден.
Не инсистирајте да ве гледа во очи
Нешто ве мачи и би сакале тоа да го поделите со партнерот. Меѓутоа, наместо да ве слуша, тој се шета напред-назад и гледа насекаде освен во вас. Станувате нервозни затоа што мислите дека тој не е заинтересиран за вашите проблеми и така започнувате кавга. Ова е класично сценарио во просек на секоја двојка. Зошто тој се однесува така? Мажите стануваат нервозни ако за време на разговорот ги гледате директно во очи. Не дека тој не ве слуша, но нему му е попријатно да ве слуша додека седи до вас или додека оди по дома. Затоа не му префрлајте кога не ве гледа во очи, бидејќи тоа не значи дека не ве слуша.
Не го терајте да зборува за своите чувства
Не му замерувајте на вашиот партнер ако не зборува за своите чувства. Тоа не значи дека ги нема, туку тој едноставно не знае како да го сподели тоа што го чувствува. Жените во просек изговараат 25.000 зборови на ден, а мажите до 12.000, додека врската на центарот за емоции и центарот за говор во мозокот, кај мажите за 40 отсто е помалку развиен отколку кај жените. Затоа мажите немаат потреба своите мисли да ги изразат со говор, туку во говорот се ограничени на она што тие го сметаат за важно.
Не очекувајте извинување
Сите грешиме, а понекогаш мораме да признаеме дека не сме биле во право. На жените многу им е важно нивниот партнер да им се извини, но тој едноставно не може да го каже тој магичен збор - жалам или извини. Психолозите тоа го објаснуваат со високото ниво на тестостерон и улогата што ја имаат мажите во општеството. Тоа не значи дека тие не се свесни за своите грешки, но извинувањето полесно го покажуваат со говорот на телото отколку вербално. Ако е свесен дека згрешил, вашиот партнер ќе биде понеизвесен од вообичаено.


















