Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Стил Љубов 6 карактеристики на неоддолив маж

6 карактеристики на неоддолив маж

Ниво на корисникот: / 9
НајлошоНајдобро 
Многу жени ќе ги привле машко мускулно тело, но тоа не е доволно да се стави во категоријата на апсолутен заводник



Погледнете кои знаци гарантираат дека навистина е неоддолив

Зрачи со ведрина - многу жени ќе останат импресионирани од еден дечко кој дава впечаток на сигурност и смиреност. Невротични и хиперактивни типови имаат тенденција да бидат стресни без оглед на тоа колку обврски или проблеми имаат во животот. Но, ако неговиот одраз на лицето е смирен, а погледот сигурен, неговиот сексапил ќе пробие преку покривот на просторијата. Жените имаат тенденција премногу да анализираат и да се грижат за најмала ситница, а мажот кој ги знае потребно е да ги смири и да им покаже како работите на крајот секогаш позитивно се решаваат, а ваквиот начин на жените апсолутно им е привлечен.

Се грижи за себе
- не е толку важна висината и градбата, но ако го чува телото во добра форма, тоа покажува дека знае да се грижи за себе. Тоа, исто така, дава индикација дека неговото здравје му е приоритет, дека е активен, вежба неколку пати неделно и има енергија. Со други зборови: ако се грижи за себе веројатно ќе се грижи за својата партнерка, а ова е дефинитивно плус.

Тој има стил
- не се работи за тоа дека мора да негува еден одреден стил и да имитира нечиј стил, за да е сексипилен. Наместо тоа, треба да нагласи дека има свој стил, односно начин на облекување со кој се одразува неговиот став и личност.

Мириса како маж - Ниеден маж не може да го контролира својот природен мирис, и се чини дека ДНК компатибилноста и диктира на жената кој маж и мириса добро, а кој не. Но, секој маж може да го подобри својот мирис ако се грижи за личната хигиена. Сè додека не претерува, маж кој добро мириса може да ја „полуди„ жената.

Знае како и кога да биде нежен - без разлика дали се работи за раката над нејзиното  рамо, или нежно и ја допира ногата, нежноста навистина и годи на  секоја жена. Се смета за еден вид на тајно оружје. Со допирот се изразуваат чувствата. Изненадувачки е тоа колку многу привлечни мажи го губат својот впечаток само затоа што не ја изразуваат својата нежност.

Да е духовит - една од најпосакуваните карактеристика на мажот е да знае како да ја насмее жената. Постојат различни видови на хумор, но оној што е врз основа на омаловажување на другите, не поминува. Ако мажот ја расположи и насмее својата подобра половина, тогаш успехот е загарантиран.

Hits: 6925
Коментари (1)Add Comment
...
Коментирано од gorjan, јули 07, 2011
tebe sto te privlekuva

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...