
Надевајте се дека вашиот сакан не е меѓу наведените, затоа што видовите на мажи кои следат се оние кои треба да се избегнуваат, ако сакате сериозна врска. Ако не ви е до тоа, тогаш едноставно само напред - забавни се за некое време и така типски што во ниеден момент не може да ве изненадaт. Mоже да го пронајдите помеѓу следниве типови на мажи и ако ви пречи, постапете по инструкциите.
Мајкин син
Тој е сладок, нежен и тивок. Може се уште живее со родителите и го јаде само она што неговата мајка го подготвува. Ќе биде со вас, само ако вие ѝ се допаѓате на неговата мајка, и со вас ќе ги гледа сериите кои ги гледа неговата мајка. Ако кажете нешто против неговата мајка, на вашата врска и следи крај.

Професор
Харизматичен, но полн со себе. Сите знаења кои ги има бледат во споредба со неговото мислење за самиот себе. Совршен за разговор и добивање подобри оценки на испитите. Законот ваков вид на врска не дозволува, а од друга страна повторно ве паѓа на испит. Ако му се обратите со зборот "асистенте" тука е крајот на врската.
„Билдер„
Убав, силен, со опасен поглед, носи капа наопаку и го сака фудбалот. Мускулите се оние од кои не можете поглед да тргнете, но лошо ви е од огледала во секој агол и мачкање на мускулите со масло за поубаво да изгледа. СОС канал е единствениот телевизиски канал во неговиот дом. Ако почнете да ги критикувате локалните тимови, ќе замине од вас.
Трендовски тип
Сè што е на него е во тренд и тешко ви е да одите во чекор со него. Облеката, чевлите, косата, местата каде што излегува, сè се менува паралелно со трендовите кои ги следи. Но како да му се оддолее кога е во костум, полирани чевли и атрактивен мирис што се шири околу него? Вашата гардероба наспроти неговата делува патетично, пред се би ја гледал најновата Aрмани колекцијата, отколку да излезе со вас. Доволно е да прашате, "Коко ... Ш ... Кој? и ќе замине.
Осамен тип
Фин, романтичен, со долги свиткани трепки, додека зборува воздивнува. Би сторил сè за вас и само чека да има можност. Сите пријатели му се оженети и тој самиот го чека тој момент. Што да направите за тој самиот да замине од вас? Покажете му дека сакате да бидете сама и дека немате намера да се омажите.
"Феминистка"
Сака да зборува, енергичен, страствен, вегетаријанец. Премногу е заинтересиран за женските теми, за разлика од спортот. Никогаш нема да се однесува како кавалер, бидејќи според него тоа ја навредува вашата личност. Повикајте го на дерби со пријателите, гарантирано никогаш повторно нема да се појави.
Не е точно стрејт
Обожава да оди со вас во шопинг и да поминува часови и часови по продавниците. Изгледа тип-топ. Зуи низ градот и сите го познаваат. Со вас сака да гледа серии и тоа премногу. Поканете го во лов со вашиот татко и сè ќе ви биде јасно.


















