Љубомората, парите, потребата за простор и преокупираноста со интернетот ја прават уште потешка.

На работа поминуваме повеќе време и имаме повеќе обврски така што не успеваме да посветиме доволно внимание на партнерот. Кога сме уморни, не можеме толку лесно да комуницираме. Се е сведено на основни прашања: Што се случува? Кога ќе се вратиш?.. и слично. Не успеваме да ја објасниме комплексноста на нашите чувства, што станува извор на недоразбирање и погрешно толкување
Начинот да се избегне ова е да се посвети "свето време" на вашата врска. На пример, нека биде во четврток навечер. И не мора некаде да излезете. Останете дома, разговарајте, слушајте музика или водете љубов. Многу парови имаат сфатено дека заедно поминато квалитетно време носи најголема корист.

Љубомора
Многу разводи се иницирани од љубомората. Имате ли право да ја чувствувате ако вашиот партнер премногу долго гледа во младата дама на улица? Што е со деловните средби за време на работното време за кое не сте му кажале на вашиот партнер?
Љубомората е индикатор за ниско самопочитување и ставот како "јас не сум доволно добар за да сум сакан." Наместо да се потпрете на партнерот во потрага по сигурност, пробајте сами да ја најдете. Посветете си потребно внимание, отидете на фитнес или изгледајте некој филм. Направете листа на работите кои ве прават љубоморни. Обидете се да го подигнете прагот на толеранцијата. Со текот на времето, вашиот партнер ќе забележи дека сте опуштени и не го следите секој негов чекор коментирајќи го.
Отворено зборувајте за вашите стравови и очекувања. Партнерот нека ви помогне. Ќе се чувствувате подобро, кога ќе најдете заедничко решение, отколку да барате да се промени.

Интернет
Истражувањата покажуваат дека 46 проценти од корисниците на интернет, времето го поминуваат во пишувањето на имаил пораки и четувајќи со останатите; 30 проценти од нив флертуваат онлајн или се вклучуваат во некој вид на афера, 22 проценти го прават тоа секој ден, а 62 отсто времето го поминуваат на сличен начин најмалку еднаш неделно. Денес, интернетот стана забава и ако еден од вас поминува премногу време сурфајќи, тоа може да значи дека имате проблем.
Не ги игнорирајте вашите инстинкти. Прашајте го партнерот зошто толку време поминува во "виртуелен живот". Можеби не е среќен во врската, и неговиот компјутер му е повик за помош. Исто така, прашувајте се колку е штетно тоа што го работи на интернет. Поголемиот дел од форумите се безопасни, но порно сајтови може да бидат извор на многу проблеми, со оглед на различните стандарди кои партнерите ги имаат. Некои, пак, уживаат заедно да погледнат такви содржини и да воведат иновации во нивниот сексуален живот, но повеќето не се задоволни партнерот да сурфа по овие сајтови. Слушнете што имаате да кажете еден на друг и обидете се да најдете компромис.
Пари
Различни приоритети на кои парите се трошат се често причина за раздор, особено ако имате кредити. Денешните двојки не сакаат да имаат заеднички банкарски сметки или да ги делат парите. Општо земено еден ги плаќа сметките, другиот храната и слично. Меѓутоа, често сакаат да си дозволат нешто поскапо каде што може да се појават проблеми.
Како да се реши? Составете список на она за кое ги трошите пари секој месец, и пресметајте дали на крајот на месецот ќе ви останат пари за мали нешта кои ги сакате, а кои не спаѓаат во неопходни.

Секс
Паровите кои доаѓаат на советување често се жалат за нивните интимни односи. Некои се премногу уморни или презаситени за еднакво да уживаваат како кога се запознале. Сепак, проблемите во креветот не настануваат сами од себе и ги оставаат партнерите свртени со грбот еден кон друг со лутина која тешко поминува.
Решението не мора секогаш да биде сексуален однос. Нека повремените бакнежи и мазења бидат секојдневни, а не само предигра. Се разбира дека тие може да доведат до желба за водење љубов, а со тоа се решава лутината. Кога партнерот ќе ги стави рацете околу вашата половината, немојте веднаш да започне да ја соблекувате облека, туку препуштете се на мазењето.
Простор
Иако порано мажите беа тие на кои им беше потребен „простор за себе„, сега се повеќе и повеќе жени се жалат дека „не може да дишат„, поради оптовареноста од работа, децата и домашни задачи.
Успешните парови се оние кои соработуваат во секоја област и во исто време и истовремено се индивидуалци и тимски соработници. Немојте да мислите дека вашиот партнер ве критикува ако бара малку простор за себе, зборува за тоа колку секој од вас има такви потреби и обидете се да најдете рамнотежа помеѓу "ние" и "јас.

Деца
Основните принципи кога станува збор за децата се универзални. Проблемите настануваат во деталите. Родителите се загрижени колку слобода им дале на своите потомци, без оглед дали тие места каде што излегуваат се сигурни, и дали одат во најдоброто училиште или дали треба да трошат толку многу време на интернет. Важно е да не им дозволувате на своите деца сами да поставуваат правила и да водат сметка сами за себе. "Системот" во семејството мора да се базира на родителите, како главни носители на важните одлуки

Поделба на работите
Пред повеќе од дваесет години жените биле оние кои ги вршеле домашните работи, а мажите најчесто носеле пари во домот. Денес ситуацијата е поинаква, со тоа што жените сè уште многу работат, и на работа и дома. Сепак, паметните двојки постигнале компромис за тоа кој што ќе обавуват. Не дозволувајте стереотипите да го регулираат вашиот живот. Обидете се да ги поделите задачите, така да секој од вас го работи она кое и го сака.
Роднини
Никој не сака да добива совети што не ги барал, особено кога станува збор за родителите. Сепак, доколку тие ги чуваат децата и ви помагаат финансиски, ред е да дозволите да го искажат своето мислење. Меѓутоа, денешните парови се помалку се зависни од своите родители кои пак повеќе се грижат за приватноста на своите деца кои се во брак.
Важно е да бидете и двајцата сте на иста страна, па и во случаевите кога има кавга со родителите.



















