Можеби не сте знаеле, но пастата за заби може да се користи на многу начини за да го исчистите вашиот дом. Во исто време не го изложувате вашето тело на ризик од опасни хемикалии, а добивате одлични резултати.

Ја чисти рерната
Нема домаќинка која не се обидела да се справи со маснотиите од рерната. Средствата што можат ефикасно да ја исчистат рерната се полни со хемиски супстанции кои се потенцијално опасни. Што да направите? Обидете се со овој рецепт. Пастата за заби, се меша со малку вода и потоа се загрева. Се натопува крпата со оваа мешавина и се брише рерната. Ќе бидете изненадени од резултатите.
Го полира среброто
Ставете паста за заби на сува крпа и исчистете ги сребрените предмети или накитот. Среброто ќе го врати своот стар сјај.
Чисти порцелан и хром
Можеби се прашувате како пастата за заби ќе ги исчистит батериите во бањата кога таа ги валка оставајќи бели дамки? Можно е. Ставете паста за заби на крпа и добро исшистете ги. Не само што ги отстранува дамките, но им го враќа и сјајот. Исто така можете да ја направите истата постапка и со садоперот и порцеланските предмети.



















