Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Стил Дом и Дизајн Новогодишно украсување на домот

Новогодишно украсување на домот

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Оваа година, нема да погрешите ако вашата Новогодишна елка ја украсите со лампиони во нијанси на злато, а на празнично наместената маса, додадете малку детали од истата боја.

Со декорации во боја на злато Божиќната маса ќе добие гламур и топлина во студените зимски денови. Експертите препорачуваат подметнувачи и свеќи во златни тонови,  како и интересни детали за на маса во различни форми.

Што се однесува до лампионите за елката, експертите за дизајн ги препорачуваат и оние кои се направени од керамика или хартија во нијанси на злато или дрвени лампиони со златна боја.

За време на празниците, се препорачуваат сите нијанси на сива, бела, како и нијанси на кафена, со златни детали.



Оние кои ги обожаваат контрастните бои може да се креативни употребувајќи ги - белата, сината и портокаловата боја со златни детали.

Најлесен начин за да додадете малку гламур на вашата свечена маса се салфетите од текстил во златни тонови, златни држачи за салфети, празничен чаршав за на маса ... Дури и обична хартиена салфетка со златни тонови ќе ја разубави празничната атмосфера. И секако не ја заборавајте црвената боја, таа е бојата на Новогодишните празници.

Што се однесува до украсување на домот можете да додадете мали детали како свеќници, перничиња со златни детали, златни рамки на фотографии ...

Ако сте поборник на фенг шуи вистински украси за елка се металните и умерено декорирани лампиони за елка, бидејќи металот како елемент може да го уништи дрвото и да ја наруши рамнотежата.

Експертите за фенг шуи препорачуваат да ги зачувате металните новогодишни украси до Новата Година на змејот и да ги употребите за украсување погодни за неа, изработени од златна хартија, керамика, светло-жолт кристал, стакло или дрво, украсени со златна боја.

"Get the Flash Player" "to see this gallery."


 

Hits: 722
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...