Постои идеално решение да ја исчистите дамката од маснотија на вашата облека и тоа за многу кратко време. Решението е многу едноставно.
Прво што мора да побарате е креда, онаa каква што се користи во училиштата.
Раситнете ја кредата на што можно помали парчиња нешто налик на песок. Нанесете ја кредата на масната дамка и оставете да отстои 1 час. Потоа со млака вода на ткаенината истријте го местото со дамката. Почекајте местото да се исуши и ќе бидете зачудени од ефектот.