Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Стил Дом и Дизајн Дали садовите во кујната се опасни за здравјето?

Дали садовите во кујната се опасни за здравјето?

Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 

Керамичките садови се опасни поради оловото, тефлонот според експертите, е причина за бројна смрт на многу луѓе... Што е вистината?

Керамички садови
Многу луѓе сакаат керамика поради убавиот изглед, но таа се смета за извор на труење со олово. Проблемот претходно беше во глазурата кога керамичките садови се печеле во печки на температури под 700 ºС. Денес, керамичките садови, се контролирани пред продажба и се сосема безбеден за секоја можна употреба во кујната. Нема олово во нив. Сепак, некои експерти препорачуваат да не се купуваат керамички садови.

Тефлон

Тефлонот пред неколку години беше на удар од страна на многу експерти како многу опасен материјал во кујната. Тефлонот е флуорополимер нерастворлив во вода или масти, а отпорен е на високи температури. Главната предност е во тоа што храната не се лепи и се пече без многу маснотии, а садот лесно се одржува во кујната. Вистината е дека тефлонот на температури над 350°C се распаѓа. Главен е перфлуороизобутеленот како потенцијален отров. Сепак, кај температурата која се користи во кујната би можеле да произлезат само траги од овие опасни материи.

Титански садови

Тоа е скап прибор. Тоа е метал со мала специфична тежина, лесен е, а тоа е неговата предност. Тој е сосема инертен кон разни хемикалии, а се разбира  инертен е и кон храната. Кај затоплувањето на кисела храна во овие садови, се создава многу тенок микрометарски слој од титаниум оксид кој го штити остатокот од садовите од некоја хемиска реакција.

Пластични садови

Кај пластиката проблемот се адитивите кои можат да испарат и да влезат во храната. На удар се фталати (поврзани со ПВЦ) и бисфенол А (поврзан со карбонат полимер). Некои фталати се забранети за правење играчки или садови наменети за  храна за деца до 4 години, но тие се дозволени за правење ќесички за крв или крвни деривати во медицината. Причината за забрана на одредени фталати е нивната репродуктивна токсичност докажана на животински модели. Бисфенол А сеуште не е забранет.

Hits: 509
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...