Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Стил Дом и Дизајн Ладење без клима уред

Ладење без клима уред

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Ако дома немате климатизација или едноставно припаѓате на луѓе на кои не им се допаѓа, применете некои од начините на кои претходно сте се ладеле. Така ќе се разладите и ќе ја намалите сметката за електрична енергија.

- Во текот на денот, кога сонцето е најсилно, ролетните нека се спуштени.

- Што помалку електрични апарати нека се вклучени. Не гответе често, а  ТВ или пак  компјутерот вклучете ги само кога е неопходно, бидејќи даваат топлина.

- Понекогаш на зглобовите, на главата или вратот, ставете вреќичка со мраз, а ако имате повеќе време почесто туширајте се со млака или ладна вода, и по излегувањето од кадата, не го бришете телото со крпа, но оставете водата сама да испари.

- Освежете се со ладни пијалоци, по можност со оние со малку или без шеќер, кои имаат вкус на лимон.

- Ако навистина сакате вештачки проток на воздух, тогаш  извлечете го заборавениот вентилатор. Троши многу помалку електрична енергија од клима уредот, а создава впечаток на струење на мал ветер во куќата. А ако сакате повеќе да ве разлади, ставете пред него сад исполнет со мраз.

Hits: 819
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...