Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Стил Дом и Дизајн Завеси и ролетни против топлина

Завеси и ролетни против топлина

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Со доаѓањето на топлото време, сите размислуваме за дополнителни можности да се изладиме на различни начини. Освен клима уредот што го  разладува воздухот, постојат  начини да се спречи да влезе топлиот воздух од најслабите места, а тоа се стаклените површини, и тие треба да бидат заштитени.

Внатрешна одбрана од топлина
Најмногу распространет систем за заштита од топлина се завесите. Тие можат во помала мера да влијаат и да спречат да влезе топлина, но даваат пријатна сенка, што секако создава соодветна атмосфера.

Без разлика дали ќе купувате завеси или сами ќе ги шиете, дали ќе бидат транспарентни или не, завесите даваат посебен печат и може да го разубават севкупниот впечаток. Затоа е важно да ги изберете внимателно, но исто така да обезбедите таква завеса која ќе ви овозможи затемнување на собата кога за тоа ќе има потреба.



Надворешна одбрана од топлина
Спречување на влегувањето на топлината од надвор е најефикасен начин да се одбраниме од топлината. Како резултат на тоа се ролетните, капаците, тендите и слични додатоци, и нивните специјални решенија за ваквите проблеми. Тие можат да бидат фиксни, монтажни, да се движат, а сите имаат иста намена прават сенка и го спречуваат затоплувањето на стаклото, а со тоа и самото зрачење на топлина низ него.



Тендите се многу популарни, бидејќи тие се мобилни и може да се постават каде што има потреба, а се многу елегантни и естетски, а и интересни. Ова решение може да создаде многу пријатна атмосфера, удобен амбиент во сенка, кој освен што го спречува влегувањето на топлина во внатрешноста, обезбедува и пријатна атмосфера во простор за одмор и забава на отворено.

Hits: 1150
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...