Дали знаете дека со помош на квасец за кифли може да ги избелите пожолтените завеси, а со сенф да се ослободите од непријатните мириси? Овие и многу други корисни трикови ќе ги олеснат вашите задолженија а ќе заштедете време и париПо користењето на тавата, темните дамки од маслото на надворешната страна се неизбежни, но не и нерешливи. Дамките можат да се отстранат со сода бикарбона.
Навлажнете го дното од тавата со топла вода и посипете сода бикарбона на него. Оставете да отстои околу половина час, а потоа со погрубата страна од сунѓерот истријте го дното на тавата. Сода бикарбоната ќе ги раствори маснотиите и ќе ги отстрани темните дамки.
Пластичните кутии често го задржуваат мирисот на храната што во нив стоела, но и за овој проблем постои едноставно решение. Садовите наполнете ги со топла вода и додадете две лажици сода бикарбона и нека отстојат во текот на ноќта.
Следното утро во литар топла вода, растворете лажиче сенф, исплакнете ги пластични садови и измијте ги на вообичаениот начин.

Но, сода бикарбоната крие уште повеќе изненадувања кога станува збор за вкусни јадења како што е омлетот.
На три јајца, се додава половина кафена лажичка сода бикарбона и зачини по вкус и се промешува добро се заедно. Содата на омлетот ќе му даде многу интересна пенлива текстура и посебен вкус.
Во садот за ориз често може да се најдат молци и ларви. За тоа да не ви се случува повторно, ќе ви помогне ловоров лист.
Откако ќе ја отворите ќесичката со оризот во неа или во садот во кој го чувате оризот, вметнете два листа од ловор. Ова растение со интензивна арома несаканите гости ќе ги избрка.
Свежиот квасец не мора да служи за подготовка на колачи и кифли. Користете го за да ја задржите белината на вашите завеси. Пожолтените завеси, ставете ги во вода во која претходно сте раствориле квасец. Оставете да отстојат неколку часа, а потоа исплакнете ги на вообичаен начин и ставете ги во омекнувач кои ќе им даде пријатен и свеж мирис.
Email This
Hits: 1169
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест


















