Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Останати спортови Кошаркарите во група со Нов Зеланд и Ангола во квалификациите за ЛОИ

Кошаркарите во група со Нов Зеланд и Ангола во квалификациите за ЛОИ

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Кошаркарската репрезентација на Македонија за противници во квалификациите за пласман на ЛОИ во Лондон ги доби селекциите на Нов Зеланд и на Ангола.

На синоќешната жрепка во Каракас, Венецуела, „црвено-жолтите“ се извлечени во групата Д, каде се носители. Избраниците на селекторот Марјан Лазовски добија посакувани противници и имаат реални шанси за остварување на олимпискиот сон.

Во квалификациите учествуваат 12 селекции поделени во четири групи по три тима. Најдобрите две играат четвртфинале, а потоа се играат полуфинални мечеви и дуел за трето место. Турнирот ќе се одржи во Венецуела од 2. до 8. јули, а најдобрите три селекции добиваат виза за Игрите во Лондон.

Македонската репрезентација возбудувањата ги започнува на 3. јули против Нов Зеланд, а ден потоа силите ќе ги одмери со Ангола. Во зависност од распоредот, а под претпоставка дека „црвено-жолтите“ ќе забележат две победи во групата, за место во полуфиналето ќе се борат со второпласираната екипа во групата Ц, каде фаворит е нашиот голем должник од ЕП во Литванија, тимот на Русија.

Пласман за Олимписките игри, покрај домаќинот Велика Британија, досега обезбедија репрезентациите на САД, Аргентина, Бразил, Шпанија, Франција, Тунис, Кина и Австралија.

Група А: Грција, Порторико и Јордан.
Група Б: Литванија, Венецуела и Нигерија.
Група Ц: Русија, Доминиканска Република и Кореја.
Група Д: Македонија, Нов Зеланд и Ангола.

Hits: 145
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...