Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Останати спортови Кошаркарите вечерва ќе ги добијат противниците за ОИ 2012

Кошаркарите вечерва ќе ги добијат противниците за ОИ 2012

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Македонската кошаркарска репрезентација, доцна вечерва, околу 23 часот, ќе ги дознае имињата на противниците, со кои ќе ги започне натпреварите на квалификациониот турнир за пласман на Олимписките игри во Лондон.

Македонија, заедно со останатите три европски репрезентации: Русија, Литванија и Грција ќе биде носител на една од групите. Во првата фаза Македонија за противници може да ги добие Доминиканска Република, Венецуела, Порторико и Нов Зеланд од вториот шешир, односно Нигерија, Ангола, Јордан и Јужна Кореја од третиот шешир.

На квалификациониот турнир ќе бидат формирани четири групи со по три репрезентации, пласман во четвртфиналето ќе изборат најдобро пласираните две репрезентации од секоја група, кои потоа ќе вкрстуваат во полуфиналето, по кое ќе следат натпреварите за третото место и финалето.

Пласман во Лондон, од квалификациониот турнир кој ќе се одржи од 2 до 8 јули во Каракас, ќе изборат најдобрите три репрезентации.

Hits: 97
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...