Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Останати спортови Свечен пречек за ракометарите на плоштадот „Македонија“

Свечен пречек за ракометарите на плоштадот „Македонија“

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Агенцијата за млади и спорт денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје организра свечен пречек за ракометните репрезентативци на Македонија кои го освоија петтото место на Европското првенство во Србија и со тоа обезбедија учество во квалификациите за Олимписките игри во Лондон.


ЈСП „Скопје“ и Град Скопје ќе обезбедат бесплатен превоз за 500 граѓани со 10 автобуси, кои во 11:30 часот од пред СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе тргнат да ги пречекаат ракометарите на граничниот премин Табановце и потоа ќе бидат дел од конвојот со кој македонската ракометна репрезентација ќе пристигне на плоштадот „Македонија“.

Пречекот на граничниот премин Табановце ќе биде во 13 часот. Во 13:30 часот  конвојот со ракометарите ќе биде пречекан пред ТЦ „Бисер“ во општина Аеродром, а во 13:45 часот пред Комплексот банки  за во 14 часот да пристигне на централна прослава на плоштадот „Македонија“.

ЈСП „Скопје“ од 12 до 16 часот ќе обезбеди и бесплатен превоз на сите линии кои водат кон централното градско подрачје.

Македонија вчера во Белград во натпреварот за 5.место ја победи Словенија со 28:27, полувреме 16:12. Репрезентацијата на шампионатот кој завршува в недела, постигна скор од четири победи, еден нерешен резултат и два порази.

 

Hits: 253
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...