Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Останати спортови Македонија петта европска ракометна сила

Македонија петта европска ракометна сила

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Со резултат од 28: 27 македонските ракометари ги совладаа словенечките репрезентативци со што го освоија петтото место на Европското првенство во Србија.

Во полупразната сала сепак не изостана поддршката од македонските фанови, a  избраниците на Шундовски успеаја да ги сместат Словенците на шестото место на ова континентално натпреварување.

Најефикасен играч на натпреварот беше Кире Лазаров со осум погодоци, со што се запиша во ракометната историја како најдобар стрелец во Европа. и се заблагодари на нацијата за поддршката што им ја даде на овој ракометен шампионат.

- И благодарам на целата нација што не поддржуваше. Како капитен во името на целиот тим му благодарам и на целиот стручен штаб и сите што се грижеа за нас. За прв пат бевме организирани како никогаш досега, а то резултира со успех. Покажавме дека сме квалитетна генерација. Не треба да жалиме за полуфиналето. Треба да бидеме реални и да жалиме што не сме редовни учесници на големите натпреварувања. Издржавме со скршени раце, носови и сега може да сонуваме Олимпијада и верувам дека ќе ми се оствари сонот да го носам македонското знаме на едни ОИ – кажа Лазаров.

Тој додаде дека на доделувањето на наградите в недела ќе се појави со македонско знаме.  

Во полуфиналето денеска силите ќе ги одмерат домаќините против Хрватите како и нашата “лута рана“ Данците против репрезентацијата на Шпанија.

 

Hits: 237
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...