Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Останати спортови Историски успех за македонскиот ракомет

Историски успех за македонскиот ракомет

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Звонко Шундовски беше среќен по одличниот настап и пласманот меѓу шесте најдобри во Европа.

- Сакам да и честитам на Србија за пласманот во полуфиналето и им посакувам успех. На мојата репрезентација и го честитам пласманот во борба за олимписките квалификации. Ќе играме со Словенија за петтото место, ако победиме ќе бидеме во квалификациите за ОИ. Беше тешко вечерва, но игравме во висок ритам. Успеавме да бидеме фокусирани во текот на целиот меч и да го оствариме најголемиот успех во историјата на македонскиот ракомет. Најголемите заслуги одат кон нашите фанатични навивачи, кои не следеа и во Белград и во Ниш, истакна Шундовски.

Пивотот Стојанче Стоилов беше задоволен од победата и борба за пласман за квалификациите за ОИ, но и помалку тажен за пропуштеното полуфинале.

- И честитам на Србија на пласманот во полуфиналето. Некој да ни речеше пред првенството дека ќе игравме за петто место со две раце ќе прифатевме, но по поразот од Данска, по малку сме тажни заради пропуштеното полуфинале. Сепак воодушевени сме што стигнавме до овде и со нетрпение го очекуваме последниот меч на кој одиме на победа, рече Стоилов.

Hits: 161
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...