Толку посакуваната победа се оствари. Во уште еден драматичен натпревар репрезентацијата на Македонија со 27:25 ја победи Полска во белградска “Арена“ во натпреварот од втората рунда на Европското ракометно првенство.

Македонските ракометари покажаа дека имаа квалитет и со полската репрезентација која се наоѓа во светскиот ракометен врв изиграа уште еден одличен натпревар. На полувреме се замина со шест голови предност за Македонија, 18:12. Нашиот најдобар играч постигна повеќе од 10 голови, а на голот повторно феноменален беше голманот Борко Ристовски, кој беше клучен да се одржи разликата во моменти кога нападот на нашата репрезентација не успеваше да ја смести топката во противничката мрежа.
Со оваа победа Македонија останува во игра и со надежи за полуфинале. Задутре играме со домаќинот Србија.
На трибините белградска “Арена“ меѓу илјадната публика беше и претседателот Ѓорге Иванов за да и’ даде поддршка на македонската ракометна репрезентација при остварувањето на денешната победа над Полска со 27:25.

Иванов на трибините беше заедно со неговиот син Иван. Двајцата опремени со дресови и шалови ги бодреа ракометарите.
Како што пренесува официјалниот сајт на ЕХФ Иванов пред натпреварот ги посетил ракометарите во соблекувалната.
Македонија со освоените два бода во моментов се искачи на третото место на табелата, потиснувајќи ја Полска. Вечерва (18,20 ч.) играат Данска со Германија, односно (20,20 ч.) Србија со Шведска.

Email This
Hits: 325
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест