Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Останати спортови Македонските ракометари денеска против Полска

Македонските ракометари денеска против Полска

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Денеска во 16,15 часот македонските ракометари ќе го одиграат натпреварот против полската репрезентација на Европското првенство што се игра во Белград.

По несреќниот пораз против Данска, ракометарите се подготвуваат за победа над Полска, која до сега се покажа како силна селекција.

Селекторот на репрезентацијата на Полска, Богдан Вента, вели дека денешниот натпревар против Македонија за нив е финале пред финалето, дуел што ќе реши многу работи.

“Добро знаеме со кого играме, Македонија несомнено има квалитетна селекција предводена од Кирил Лазаров. Но, мислам дека ние треба да го извлечеме најдоброто од себе. Треба да одиграме како во второто полувреме против Шведска и мислам дека со таков пристап нема да имаме проблеми. Толкави осцилации во играта се едноставно недозволиви“, вели Вента.

Македонската репрезентација во саботата претрпе пораз од Данска, со само еден гол разлика. Претходно, нашите ракометари убедливо ја победија репрезентацијата на Чешка со 27 - 21.

Следен предизвик на црвено-жолтите е домаќинот Србија.

Hits: 103
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...