Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз од Данска 32:33, ја започна втората фаза на 10-то Европско првенство.

Актуелниот светски вицепрвак, во исклучително неизвесен натпревар до победата стигна со голот на Линдберг во последната секунда од натпреварот.
Македонија изворедно одигра во првите 25. минути, кога носени од публиката, апсолутно ја надиграа Данска. Во тој период, изворедно функционираше нашата зона, нападот беше течен, особено соработката на надворешната линија со кружниот напаѓач, и разновиден што резултираше со предност од шест гола. Данците во финишот на првиот дел се вратија во игра со три последовни гола.
Данска трпеливо ја топеше нашата предност за во 47. минута да стигне до првата предност на натпреварот 25:24, период во кој Микел Хансен е нерешлива загатка на нашата одбрана. Хансен ја разбиваше нашата одбрана буквално од сите позиции. Данска благодарение на Хансен, кој петпати по ред ја тресеше нашата мрежа, во 51. минута стигна и до предност од три гола, 29:26. Македонија успеа да се врати од негативата и со серија од три гола во последната минута влезе со резултат од 32:32 и напад.
Драмата се случи во последните шест секунди, кога Лазаров не погоди, а одбиената топка во контранапад ја доби Линдгерг и го постигна решавачкиот гол.
Македонија на Еуро 2012 го забележа вториот пораз, незаслужен исто како оној против Германија.
Капитенот Лазаров ја предводеше Македонија со 13 гола, Стоилов постигна 7, Алушовски и Мојсоски по 4, голманот Ристовски одбрани 10 удари. Кај Данска најекспониран беше Микел Хансен со 12 гола, а данскиот херој Линдберг постигна 8 гола.
По овој пораз ќе биде тешко да се дојде до полуфиналето. За тоа ќе ни требаат победи во дуелите со Полска и Србија, но и другите резултати да одат во наш прилог.
Следниот натпревар на ЕП, Македонија ќе го одигра на 23. јануари против Полска.

Email This
Hits: 210
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест