Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Останати спортови Како до Лондон 2012?

Како до Лондон 2012?

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Македонија за прв пат во историјата има екипен олимписки тим. Кошаркарската репрезентација ќе настапува во квалификациите за ОИ во Лондон, каде со уште 11 селекции ќе се бори за првите три места.

За турнирот:
Местото на одржување на квалификацискиот турнир се уште не е познато, а ќе биде одлучено откако ќе бидат поднесени кандидатури кои ќе бидат разгледани од надлежните. Турнирот ќе стартува на втори јули, а ќе трае до осми јули 2012 година. Двајцата финалисти и победникот во мечот за третото место, заминуваат на Олимписките игри кои почнуваат на 28 јули.

Учесници:
Досега познати се 10 од вкупно 12-те учесници во квалификациите. Место на овој турнир обезбедија:
(Европа) Русија, Македонија, Литванија, Грција
(Америка) Доминиканска Република, Порто Рико, Венецуела
(Африка) Ангола, Нигерија
(Океанија) Нов Зеланд
Последните двајца патници во квалификациите ќе бидат познати по завршувањето на Азиското првенство кое моментално е во тек. Според пропозициите, второпласираната и третопласираната екипа патуваат во квалификациите, додека победникот обезбедува директен пласман на Олимписките игри. Моментално на Азиското првенство, во тек е четвртфиналната фаза.

Систем на натпреварување:
Репрезентациите ќе бидат поделени во четири групи (по три екипи), каде носители се четирите европски селекции. По одиграните два натпревари во групната фаза, третопласираните екипи на табелите го завршуваат натпреварувањето. Првопласираните две репрезентации продолжуваат во четвртфинале каде играат по систем “првиот од А група против вториот од Б група и обратно“, односно “првиот од Ц група против вториот од Д група и обратно“.

Поразените во четвртфиналните средби го завршуваат натпреварувањето, додека победниците влегуваат во полуфинале, по кое ќе се играат финале и меч за трето место. Финалистите патуваат на Олимписките игри, а ќе им се придружи победникот во мечот за третото место.

Според овој систем, за пласман на Олимписките игри од квалификацискиот турнир, потребно е да се одиграат минимум пет средби во седум дена.

Извор: basketball.org.mk

 

Hits: 512
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...