Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ наредната сезона ќе настапува во грчкиот гигант Олимпијакос. Според неколку странски и домашни медими, капитенот на македонската репрезентација веќе потпишал едногодишен договор со клубот од Пиреја.
Неговите одлични игри во националниот дрес на Европското првенство во Литванија го привлекоа вниманието кај многу стратези, но најбрз беше српскиот селектор и тренер на Олимпијакос, Душан Ивковиќ. За Антиќ интерес пројави и шпанската Каха Лаборал, но четиримесечната понуда беше одбиена од нашиот капитен.
Антиќ беше слободен играч откако го одработи договорот со Спартак од Санкт Петербург. Тој во кариерата играше и во: Работнички, АЕК, Црвена звезда, Академик Лукоил, Локомотив Ростов и Локомотив Кубан.



















