По мошне силен ветер од 50 км/час и Ѓоковиќ и Федерер подобро се снајдоа од своите противници Монфис и Содерлинг.
Новак Ѓоковиќ (3) го совлада Гаел Монфис со 7:6, 6:1, 6:2. Французинот само во првиот сет пружи посилен отпор, а после стана нервозен. Посебно поради фактот што Ѓоковиќ го изненади со често излегување на мрежа каде што освои 40 поени.
Во полуфиналето ќе му биде противник Роџер Федерер (2) кој што имаше малку повеќе мака во мечот со Робин Содерлинг (5), но сепак победи во три сета (6:4, 6:4, 7:5). Ова му беше 13-та победа на Федерер во 14 мечеви против Содерлинг, а овој пат му отсервира 18 асови, наспроти само два на Швеѓанецот.
Во последните три турнири на Флешинг Медоу Федерер три пати се сретна со Ѓоковиќ и сите три пати победи.
Во конкуренција на машки двојки се одигра полуфиналето. Мајк и Боб Брајан (1) ги совладаа Марсел Гранолерс и Томи Робредо од Шпанија со 6:1, 6:4. Тие во финалето ќе играат со Робан Бопана (Индија) и Ајсам-Ул-Хак Кареши од Пакистан (16) кои во второто полуфинале беа поуспешни од Аргентинците Едуардо Шванк и Хорацио Цебалос (7:6, 6:4).
Кај дамите првата носителка Каролин Возниацки и Вера Зонарева (7) од Русија ќе се сретнат во полуфиналето на Флешинг Медоу.
Данката Возниацки ја победи Чибулкова од Слковачка со 6:2, 7:5, а Звонарева од Русија скоро идентично со 6:3, 7:5 ја победи Естоннката Каја Канепи.
Така во првото полуфинале ќе се сретнат Венус Вилијамс и Ким Клијстерс, а вовторото Звонарева и Возниацки.
Во полуфиналето во женски двојки Чан Јунг Јан и Зенг Ји од Кина ги победија Бетани Матек Сендс и Меган Шонеси од САД со 6:4, 6:4. Тие во финалето ќе играат против Лизел Хубер (САД) и Надја Петрова (Рус.) кои што ја победија американско-австралиската комбинација Лиза Рејмонд – Рене Стабс со 6:4, 3:6, 7:5.



















