По одигрувањето на последните дуели од петото коло во групната фаза синоќа беа комплетирани двојките за осминафиналето на кошаркарскиот Мундијал кој се одржува во Турција.
Натпреварот кој одлучуваше за челното место во групата „А“ и припадна на Србија која минимално ја победи Аргентина.
Бразил во групата „Б“ беше подобар од Хрватска со што го освои третото место. Брегот на Слоновата коска со победата над Порторико и заврши работа на Кина која и покрај поразот со 47 поени разлика сепак обезбеди пласман во следната рунда со освојување на четвртото место во групата „Ц“.
Во рамките на „Д“ групата, Нов Зеланд со тројка на 3 секунди до крајот на натпреварот против Франција оствари победа од 12 поени разлика доволна за третото место во групата.
Резултати од последното коло во групната фаза:
Група „А“: Германија - Јордан 91:73, Аргентина - Србија 82:84 и Австралија - Ангола 76:55. Табела: Србија 9 бодови, Аргентина 9, Австралија 8, Ангола 7, Германија 7 и Јордан 5.
Група „Б“: Хрватска - Бразил 74:92, САД - Тунис 92:57 и Иран - Словенија 60:65.
Табела: САД 10 бодови, Словенија 9, Бразил 8, Хрватска 7, Иран 6 и Тунис 5.
Група „Ц“: Грција - Русија 69:73, Турција - Кина 87:40 и Порторико - Брег на Слонова коска 79:88.
Табела: Турција 10 бодови, Русија 9, Грција 8, Кина 6, Порторико 6 и Брегот на Слоновата коска 6.
Група „Д“: Франција - Нов Зеланд 70:82, Шпанија - Канада 89:67 и Либан -Литванија 66:84. Табела: Литванија 10, Шпанија 8, Нов Зеланд 8, Франција 8, Либан 6 и Канада 5.
Според пласманот по групи во осминафиналето ќе играат: Србија - Хрватска, Шпанија - Грција, Словенија - Австралија, Турција - Франција, САД - Ангола, Русија - Нов Зеланд, Литванија - Кина и Аргентина - Бразил.



















