Во првата средба од 1/4 финалето на фудбалскиот куп на Шпанија, екипата на Барселона го совлада Реал во Мадрид со 2:1.
Актуелниот шпански, европски и светски клупски шампион останува ноќна мора за тимот на Жозе Мурињо, кој никако да пронајде лек за играта на Барселона. Составот на Пеп Гвардиола уште еднаш беше подобар од Реал сред „Сантијаго Бернабеу“, овој пат со 2:1 во првата средба од четвртфиналето на Купот на кралот.
Иако домаќините со голот на Кристијано Роналдо (11-минута) поведоа со 1:0, сепак Барселона преку Пујој (49) и Абидал (77), стигна до комплетен резултатски пресврт и трет последователен триумф во дуелот со големиот ривал.
Во вториот натпревар одигран вчеравечер Атлетик Билбабо со 2:0 ја совлада Мајорка.
Ден порано Еспањол со три гола во последните пет минути од натпреварот против третолигашот Мирандес стигнаа до победа од 3:2.
Вечерва од 21 часот и 30 минути на „Местаља“ ќе играат Валенсија и Леванте.




















