Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Фудбал Ел Класико во четврт-финалето од Купот на Шпанија

Ел Класико во четврт-финалето од Купот на Шпанија

Печати
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Денеска се игра големото Ел Класико во четврт-финалето од Купот на Шпанија, а Мурињо на пресконференцијата пред натпреварот изјави дека иако Купот е трет приоритет сепак неговиот тим ќе оди на победа.

„Најдобар резултат против Барселона е да се победи на двомечот. Тимот што ќе биде елиминиран ќе има два натпревари помалку во февруари, но ние сакаме да ги одиграме тие два натпревари, а сигурен сум дека и Барселона го посакува истото“, вели Специјалниот.

„Средбата ќе биде одлична, и ние ќе го дадеме максимумот за да победиме. Купот за нас е трет приоритет, но бидејќи утре имаме средба од купот, таа е најважна во овој момент. Никој не игра за да изгуби“, вели Мурињо кој потврди дека Ди Марија ќе биде спремен за натпреварот.

Жозе Мурињо во последно време е мета на критичарите кои го напаѓаат поради тактичките замисли за Ел Класико.

„Колку титули треба да освојам за луѓето да не ме критикуваат? Кога ќе го ставам Бензема во напад, луѓето прашуваат каде е Игуаин. Кога игра тој ме прашуваат што е со Бензема. Мојата тактика секогаш е на удар на јавноста. Кога ќе го ставам Пепе во средината зборуваат дека треба да го вратам назад, и обратно“
, одговори секогаш интригантниот Мурињо.

извор-спортски.мк

Hits: 107
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...