Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Фудбал ВИДЕО: Пандев го однесе Наполи во четвртфиналето на купот

ВИДЕО: Пандев го однесе Наполи во четвртфиналето на купот

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Горан Пандев го однесе Наполи во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Италија.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, на осминафиналниот меч со Чезена, мрежата на голманот Варгас ја погоди во 86. минута, со што ги постави конечниот резултат 2:1.

Натпреварот започна лошо за Наполи, откако Попеску, во 20. минута ја донесе Чезена во водство, со резултат 0:1 заврши првиот дел.

Во второто полувреме тренерот Мацари го внесе Пандев во игра, на местото на Варгас, кој заедно со Хамшик и Кавани ја формира напаѓачката тројка на Наполи. Најпрво тој во 65. минута го изведе слободниот удар, по кој на Единсон Кавани му остана само полесниот дел од задачата да изедначи на 1:1, за во 86. минута да предизвика воодушеување на трибините на „Сан Паоло“ кога самиот постигна гол за триумф на домашниот тим од 2:1.

Наполи во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Интер-Џенова, кој ќе се одигра следната недела.


Hits: 132
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...