Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Фудбал Манчестер Сити убедлив против Ливерпул

Манчестер Сити убедлив против Ливерпул

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Фудбалерите на Манчестер Сити со убедливи 3:0, синоќа го совладаа Ливерпул во дербито на 20. коло и се одлепија на врвот на табелата во Премиер лигата со три бода предност пред градскиот ривал Манчестер Јунајтед и шест пред Тотенхем. Но, „граѓаните“ имаат и еден натпревар повеќе од најблиските конкуренти.

Тотенхем остана блиску до лидерот по минималната победа од 1:0 против Вест Бромвич Албион, додека во третиот синоќешен натпревар, Сандерленд со 4:1 оствари гостинска победа против Виган.

Во понеделникот беа одиграни пет натпревари од ова коло: Астон Вила - Свонси 0:2, Блекбурн - Стоук 1:2, КПР - Норвич 1:2, Вулверхемптон - Челзи 1:2 и Фулам - Арсенал 2:1.

Дваесетата рунда од Премиер лигата ќе биде комплетирана вечерва по одигрувањето на средбите Евертон - Болтон и Њукасл - Манчестер Јунајтед кои почнуваат од 21 часот.

Табела: Манчестер Сити 48 бодови, Манчестер Јунајтед 45 (1 натпревар помалку), Тотенхем 42 (-1), Челзи 37, Арсенал 36, Ливерпул 34, Њукасл 30 (-1),...

Hits: 63
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...