Sunday, Feb 05th

Апдејт:04:05:39 PM GMT

вие сте: Спорт Фудбал Македонија се спасуваше од пораз во дуелот со Ерменија

Македонија се спасуваше од пораз во дуелот со Ерменија

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да забележи победа и во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2012. На синоќешниот натпревар со Ерменија македонските репрезентативци во последните моменти се спасуваа од пораз и преку пенал стигнаа до 2:2.

Ерменија дојде во водство во 39.минута преку Јура Мовсисијан, а само што тргна од центарот Македонија преку Марио Ѓуровски изедначи на 1:1 што беше и резултат по првиот дел во кој избраниците на Мирсад Јонуз имаа повеќе шанси но на одморот не отидоа со предност.

Ерменците во второто полувреме беа поопасни а до водечкиот гол на Едгар Маучарјан во 90.минута пропуштија неколку убави шанси за гол.

Илчо Наумоски во судиското надополнување од пенал ги постави конечните 2:2, откако еден гостински сосема непотребно играше со рака во својот шеснаесетник.

Околу 9 илјади гледачи на арената „Филип Втори“ незадоволни од играта и резултатот со свирежи ги испратија македонските репрезентативци во соблекувалната.

Македонија синоќа беше предводена од Влатко Костов, првиот асистент на селекторот Јонуз кој беше казнет поради исклучувањето во Словачка. Костов на прес-конференцијата по натпреварот причината за неочекуваниот резултат ја најде во исцрпеноста на играчите од натпреварот во Братислава.

- Тешко беше по само три дена од одигрувањето на натпреварот со Словачка да се вратиме во игра максимално подготвени. Се чувствуваше кај играчите замор и психолошки притисок. И покрај слабите резултати во двата дуела од квалификациите ние во Стручниот штаб веруваме во оваа селекција и сметаме дека добро ја вршиме работата, истакна Костов.

Тој ја превзеде одговорноста за неуспешниот старт на овие квалификации и нагласи дека и на поголеми тренери од оние на македонската репрезентација може да им се случи таква работа.

Во другите два натпревари од 2.коло во групата „Б“, Русија - Словачка 0:1 и Република Ирска - Андора 3:1.

Табела: Република Ирска и Словачка по 6 бодови, Русија 3, Ерменија и Македонија по 1 и Андора без освоен бод.


Hits: 192
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...