Sunday, Feb 05th

Апдејт:04:05:39 PM GMT

вие сте: Спорт Фудбал Македонија против Словачка ги започнува квалификациите за фудбалското ЕП 2012

Македонија против Словачка ги започнува квалификациите за фудбалското ЕП 2012

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во 20 часот и 30 минути го започнува новиот квалификациски циклус за Европското првенство 2012 година во Полска и Украина. На стадионот „Пасиенки“ во Братислава противник на Македонија ќе и биде Словачка.
Словаците се фаворити на вечерашниот натпревар, но македонските репрезентативци јасно ги искажаа амбициите да се искачат погоре од традиционалното четврто место на табелата кое го освојуваа во претходните години. Македонскиот селектор најави поофанзивна игра со цел да се постигне гол, а не само да се одбрани сопствениот гол.

- Дојдовме овде да дадеме гол и да оствариме позитивен резултат. Ќе се обидеме да го сториме тоа. Играме против репрезентација која за некои беше изненадување на Светското првенство, но не и за мене. Словачка има добра селекција на играчи, добар селектор, тимот има карактер, во преден план избива колективот, а тој секогаш на површина исфрла поединец кој може да го реши натпреварот без разлика дали тоа е Хамшик, Витек, Сток или Веис, истакна Јонуз.

И покрај фаворитската улога словачкиот селектор со респект зборува за македонските репрезентативци. Тој ги повика неговите фудбалери на максмално залагање и во никој случај потценување на противникот.

- Дуелот со Македонија е од големо значење за нас. Очекуваме победа, но не лесна. Играчите се наоѓаат во добра форма и верувам дека ќе го освојат планираниот плен. Повредени се Витек и Оравец, чиј што настап е неизвесен. Македонија има неколку добри фудбалери, пред се’ Пандев, потоа Попов... Мораме да бидеме внимателни бидејќи Македонците дојдоа тука со добри резултати во изминатиот период. Сепак верувам дека квалитетот е на наша страна и дека ќе успееме да победиме. Само треба да бидеме внимателни, изјави Владимир Вајс, селекторот на Словачка.

Од групата „Б“ денеска уште играат Ерменија - Република Ирска и Андора - Русија.

 

Hits: 165
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...