Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Автомото Сите сакаат да ги менуваат правилата

Сите сакаат да ги менуваат правилата

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

По сите огромни очекувања пред сезоната, европскиот печат удри на новите правила во формула 1, кои ја направија Бахреин ГП трката не-возбудлива и досадна. Возачите и шефовите на тимовите за ова ја обвинуваат забраната на долевање гориво бидејќи повеќето болиди имаа иста стратегија на трката на патеката во Сакир и не можеа да ги следат своите ривали доволно добро за да ги претекнат.

Возачот на Ред Бул, Марк Вебер ги обвини тие кои ги прават правилата, прашувајќи: "Зошто секогаш ги менуваат правилата?", а британскиот Дејли Телеграф се согласи тврдејќи дека Бахреин е "предупредување за опасноста за мешање во правилата".

Сан ја нарече трката "Боре-раин ГП", а Дејли Мејл додаде: "ФИА и тимовите мораат да го разгледаат проблемот итно и да видат што може да се промени. Спортот е во опасност да го загуби својот најдобар момент. Има четири шампиони во трките, сите во конкурентни болиди". Најголеми критики во Британија дојдоа од Тајмс, каде што Кевин Исон напиша: "Беше тешко да не се замислат кликовите на милионите далечински управувачи од целиот свет, кои бараа нешто повозбудливо, како трките со сирење во Амстердам".

Европскиот печат беше малку помилозлив, но дури и Газета Дело Спорт, пресреќна со 1-2 победата на Ферари мораше да спомене дека беше досадно: "Објективно, новата и долго очекувана формула 1 донесе досадна трка со малку претекнувања и многу болиди на дното. Но, Бахреин е чудна трка". Францускиот Л'Екип коментираше дека трката е "смртоносно досадна", додека Ауто Хебдо додаде дека е "прерано" да се види дали правилата пропаднале. Германскиот Билд го цитираше таткото на Адријан Зутил, Хорхе, кој изјави: "следниот пат ќе си понесам нешто за читање".

Извор: Македонски спорт

Hits: 262
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...