Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Автомото Бахреин: Розберг најбрз, Шумахер лут!

Бахреин: Розберг најбрз, Шумахер лут!

Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 

Розберг - МерцедесТимот на Мерцедер оствари најбрзо време на првиот ден во Бахреин, но не во режија на славниот Шумахер.

Почна новата сезона во Формула 1, а првиот ден од загревањето за неделната Голема награда на Бахреин, немавме одговор кој има најбрз болид. Впрочем, тимот на Ферари, Мекларен и Форс Индија, секоја во својата фаза оствари најдобро време, за на крај Нико Розберг со 1:55.409 да го постави најдоброто време.

 

Резултати од утринскиот тренинг

Одма зад него, второ време оствари Луис Хамилтон. Седумкратниот првак Михаел Шумахер го зазеде третото место со време 1:55.903. И на утринскиот и на попладневниот тренинг имаше заостанување зад својот тимски колега и изгледаше прилично лут. Во боксот со своите механичари разговараше загрижено, а изгледаше дека не е задоволен со болидот.

Резултати од попладневниот тренинг

Возачите на Ферари ги сокриваа своите карти. Алонсо утрото беше втор, а попладнето не го подобри својот резултат. Маса исто така. Батон сосем солидно дебитираше за Мекларен, цело време со четврто време.

Тимот на Ред Бул, изгледа дека има проблеми. Ветел и Вебер не поставија импресивни времиња, а според првите извештаи изгледа дека имаат проблем со брзината на рамен дел.

Михаел Шумахер не е задоволен од болидот

Пријатно изненади тимот на Форс Индија, Сутил утрото имаше најбрзо време, додека попладнето Сутил и Луизи беа нешто резервирани. Солиден беше и Рено со Кубица и Петров, влегоа помеѓу десетте на тренингот, а младиот ас на Вилијамс Хулкенберг беше одличен.

На дното вистинска комедија. Лотус заостануваат пет секунди, а најлоши се Хиспанија, нејзиниот болид е потполно невозлив, а Бруно Сена заостанува 11.5 секунди.

Во сабота наутро на програмата е третиот и последен слободен тренинг кој би можел многу тоа да ни открие. На пладне се квалификациите, а трката на распоред е во 13:00 часот во недела.

Hits: 386
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...