Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Автомото Ферари го претстави „најгрдиот болид во својата историја“!

Ферари го претстави „најгрдиот болид во својата историја“!

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Ферари го претстави својот нов болид кој ќе се обиде да го врати славниот италијански Ф1 тим на победничките патеки во шампионатот во Формула 1 во новата сезона.

Откако беа принудени да ја откажат свечената промоција поради силните врнежи на снег во Маранело, тимот ги објави првите снимки од новиот болид на својот официјален веб-сајт.

Прво што паѓа во очи е промената на носот на болидот, која е заради измените во правилата во врска со висината на предните делови од болидот за 2012.

Наречен од многумина во италијанските медиуми како „грдото пајче“ или „коњчето со многу грд нос“, новиот болид на Ферари секако дека не атрактивен на изглед. Најдалеку во критиките отиде „Ла Газета дело Спорт“, каде коментарот е насловен: „Најгрдото Ферари на сите времиња! Да се надеваме дека ќе биде брзо“.

Радикалниот пристап кон болидот во однос на минатите сезони е резултат на работата на тимот предводен од новиот технички директор Пет Фрај. Тимскиот шеф Стефано Доменикали е убеден дека промените, како на аеродинамиката, така и на целиот пакет воопшто, би требало да донесат забележителен напредок во резултатите, кои му се потребни на тимот по тешката 2011 сезона.

Лошите временски услови во северна Италија му ги сменија плановите на Ферари, па не е познато дали тимот ќе има шанси да помине некои километар со новиот болид на својата патека Фиорано во близина на Маранело, пред првиот официјален тест на патеката Херез во Шпанија следната недела.

Hits: 315
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...