Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Автомото Мекларен го претстави новиот „убавец“ MP4-27

Мекларен го претстави новиот „убавец“ MP4-27

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Британскиот тим кој се натпреварува во шампионатот на Формула 1, Мекларен Мерцедес, го претстави болидот со кој Луис Хамилтон и Џенсон Батон ќе се обидат да ја прекинат доминацијата на Ред Бул.

Мекларен, болидот кој ја носи ознаката „MP4-27“, го претстави во клупските простории во Бокинг.

Новиот Мекларен потсетува на минатогодишниот, со тоа што шасијата претрпе најголеми измени поради новите правила кои важат од оваа сезона. Најголемите промени на болидот се забележуваат на задниот дел и системот на ладење.

„Многу сум возбуден. Сите работевме многу напорно, од крајот на минатата сезона тимот, во симулаторот, работеше на подобрување на болидот, со нетрпение очекувам да седма во него и да го повозам на патеката“, рече Џенсон Батон.

Мислењето на Батон го дели и неговиот колега Луис Хамилтон.

„Мислам дека болидот е фантастичен. Трудот кој е вложен во него ќе ми биде голема инспирација. Ова е најпрефинетиот болид и се радувам што ќе имам можност да го возам“, изјави Хамилтон.

Мекларен Мерцедес, во минатото првенство, меѓу конструкторите заврши на второто место, зад Ред Бул.

Мекларен е вториот Ф1 тим кој го претстави болидот за новата сезона, претходно тоа го стори Кетерхем, додека во текот на оваа недела, сите останати тимови ќе ги презентираат новите болиди.

Hits: 115
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...