Францускиот ас Стефан Петерхансел (Мини) ја освои јубилејната 10. титула на најпрестижната и најтешка рели трка во светот, Дакар 2012 во конкуренција на автомобили, а славјето на „триколорите“ дополнително го зголеми и триумфот на Сирил Деспре (КТМ), кој беше најуспешен кај мотоциклистите.

И двајцата Французи имаа солидна предност пред последната етапа која триумфално ја завршија во главниот град на Перу, Лима, не дозволувајќи никакви изненадувања. Петерхансел имаше водство во поголемиот дел од релито, а до 4. титула зад воланот на автомобил (6. титули има со мотоцикли) дојде пред тимскиот колега од Мини, Шпанецот Хоан Нани Рома (+41:56 мин.), и Јужноафриканецот Жиниел де Вилие со Тојота (+1:13:25 ч.).

Деспре двонеделното рели низ Аргентина, Чиле и Перу го заврши со 53:20 минути предност во однос на големиот ривал Марк Кома од Шпанија, исто така на КТМ, додека третото место му припадна на Португалецот Хелдер Родригез (Јамаха), кој заостана 1:11:17 часа. Ова е четврта титула на Деспре на Дакар, а втора во Јужна Америка.
Во конкуренција на камиони почестите му припаднаа на Холанѓанецот Жерар де Рој (Ивеко), додека кај четирициклите (квадови) триумфираше Алехандро Патронели.

Email This
Hits: 83
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест