Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Автомото Нова катастрофа за Кубица, се лизнал на мраз и скршил нога

Нова катастрофа за Кубица, се лизнал на мраз и скршил нога

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Полскиот Ф1 возач Роберт Кубица, кој не се натпреварува откако ја преживеа сериозната несреќа на една рели трка во Италија во февруари минатата година, е пренесен во болница откако се лизнал на мраз и заработил повреда на ногата.

Според италијанските медиуми, 27-годишниот Полјак заработил микрофрактура на десната тибиа, што претставува огромен чекор назад во неговите обиди да се врати во акција во „летечкиот циркус на четири тркала“.
На Кубица му заврши договорот со тимот на Рено и моментно е без ангажман, а се споменуваше како можна замена за Фелипе Маса во Ферари за следната сезона.

Инцидентот се случил во местото Пјетрасанта, во близина на приморскиот град Вијареџо, каде бил пренесен во болница за да му биде извршено скенирање на ногата. Тој потоа ја напуштил болницата, велејќи дека сака да замине во клиниката во Пјетра Лигуре, во близина на Џенова, каде закрепнуваше од скоро фаталната несреќа на почетокот од минатата година. Тој таму помина повеќе месеци и му беа извршени бројни хируршки зафати за санирање на повредите на десната рака, лакот и нога.

Hits: 87
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...