Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Автомото Алонсо се враќа на ергенските денови

Алонсо се враќа на ергенските денови

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
По Хамилтон, „време“ му дојде и на Фернандо Алонсо, а заедно со својата доскорешна сопруга соопштија преку медиумите дека се разведуваат по години поминати заедно.

Алонсо и Ракел дел Росарио, вокалот на бендот „Ел суењо“, се запознаа при првите  денови на Алонсо во Ф1, додека потпис за заеднички живот ставија во 2006 година. Двајцата најпрвин живееја во Оксфорд, а потоа се преселија во Швајцарија. Преселбата на Алонсо во мај оваа година од Швајцарија во Шпанија дури сега станува логично, иако Шпанецот потенцираше дека тоа е така поради оддалеченоста од семејството.

Двајцата преку медиумите испратија заедничко соопштение, објаснувајќи дека и понатаму ќе останат да бидат добри пријатели.

„По пет години во брак, одлучивме да ја прекинеме нашата врска како двојка. Ова беше тешка, но неминовна одлука. Иако повеќе нема да бидеме заедно, ние и понатаму ќе останеме да бидеме добри пријатели. И понатаму се почитуваме меѓусебно.

Со оваа соопштение кое е наменето за сите оние кои беа поврзани со нашиот брак, сакаме да ставиме крај на сите шпекулации. Поради тоа, бараме од медиумите да не ни се мешаат во приватните животи, бидејќи како што знаете, секој сака да ги заштити истите.

Со љубов,

Ракел и Алонсо.“ - гласи соопштението на екс-двојката.

Hits: 161
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...